Еден трик стана вирален на социјалните мрежи за многу кратко време, а можеби и вам ќе ви се допадне.
Пржените јајца се омилен избор за појадок за многу луѓе, но веројатно ве нервира целото масло што мора да го користите за нив.
Еден трик на Инстаграм брзо стана вирален, покажувајќи ни како да пржиме јајца без капка масло. Сè што ви треба е краставица.
Сè што треба да направите е да ја исечете краставицата и да ја втриете на дното од тавата. Вклучете го шпоретот и почнете да го пржите јајцето.
Вкусот сепак ќе биде ист на кој сте навикнати, а ова е секако поздрава опција за вашето тело и, плус, заштедува пари.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата